Catalogue

Newsletter

PDF - КАЖЕТЕ ГО СВОЕТО! Прирачник за ревидираната Европска повелба за учеството на младите во локалниот и регионалниот живот (Parole aux jeunes! version macédonienne) (2016)

Jeunesse / Autres publications
HaveYourSay_MAC
Type de document :
Livre
Format :
PDF
Langue :
Langue macédonienne
Dimensions :
4.34 MB
Nombre de pages :
146
Gratuit
HT

Учеството е признаено како едно од основните човекови права на Универзалната декларација за човекови права и Конвенцијата за правата на детето. Учеството претставува и суштински принцип на човековите права и е предуслов за ефективен демократски живот на сите граѓани. Младинското учество не претставува цел сама по себе, туку средство за постигнување позитивни промени во животот на младите и за градење подобри демократски општества.

Целта на младинската политика на Советот на Европа е да им се овозможи на младите да имаат еднакви можности и искуство со што ќе ги стекнат потребното знаење, вештини и компетенции за да го најдат своето место во сите аспекти на општеството. Младинското учество има централно место во младинските политики на Советот на Европа, што воедно го опфаќа и коменаџирањето како начин на споделување на власта со младинските претставници.

Младинското учество се промовира преку разните сектори на Советот на Европа. Ревидираната Европска повелба за учеството на младите во локалниот и во регионалниот живот, усвоена во мај 2003 год. од страна на Конгресот на локалните и на регионалните власти на Советот на Европа, претставува инструмент со кој се поставуваат стандардите за младинското учество. Повелбата ги поддржува младите, младинските работници, младинските организации и локалните власти во промовирањето и во зајакнувањето на значенското младинско учество на локално и на регионално ниво во Европа.

Според Повелбата, учеството подразбира да се има право, средства, простор и можност, а онаму каде што е потребно, и поддршка за да се учествува и за да се влијае на одлуките, но и да се учествува во дејствата и во активностите со цел да се придонесе кон градење подобро општество. Прирачникот „Кажете го своето!“ претставува едукативна и практична алатка со која се поддржуваат сите оние кои се залагаат да го претворат тоа право во реалност за сè повеќе лица во земјите членки на Советот на Европа.

Télécharger un extrait (0)